По продолжението на сезоната во Серија А, Милан е најпријатното изненадување бидејќи конечно се вратија на игрите од славните години. Два кола пред крајот Милан е на позиција која води во Лигата на Европа што не е воопшто лошо бидејќи пред паузата поради коронавирусот на теренот изгледаа катастрофално.
На „Сан Сиро“ веќе се подготуваат за новата сезона, а денеска Милан официјално ги претстави новите дресови кои ги воодушевија навивачите. „Пума“ заврши одлична работа бидејќи новите дресови на „росонерите“ изгледаат неверојатно.
#ThisIsMilan. And this is our new kit ❤?
? https://t.co/OJYNnYijUL #SempreMilan @pumafootball pic.twitter.com/CNvfSCYCds— AC Milan (@acmilan) July 28, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА