Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата за сезоната во која овој тим се враќа назад во македонската фудбалска елита, па така арачиновци синоќа официјализираа уште еден трансфер.
Миле Тодоров е нов член на повратникот во Првата лига откако потпиша договор на една сезона со клубот од Арачиново. Овој 26-годишен играч за врска треба да биде големо засилување за Шкендија, доаѓајќи од редовите на АП Брера.
„Презадволни сме пто можеме да објавиме дека црвено-црниот дрес ќе биде носен и од фудбалерот за врска Миле Тодоров. Тој е играч со значајно искуство во елитното фудбалско друштво во Македонија, кој со своите квалитети за организација на играта и со тактичката дисциплина ќе биде додадена вредност на нашиот тим. Добредојде во црвено-црното семејство, Миле“, објави Шкендија Арачиново.
Овој фудбалер претходно има настапувано за Работнички, Тиквеш и Скопје, а имаше и авантура во хрватскиот фудбал како дел од Новиград и од вториот тим на Осијек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
