Милена Раичевиќ се пресели во Рапид Букурешт

Милена Раичевиќ спогодбено го раскина договорот со екипата на Будуќност, а недолго потоа стави потпис на договорот со екипата на Рапид Букурешт до јуни 2026 година. За потсетување, Милена во кариерата освои 42 трофеи со екипата на Будуќност.

Раичевиќ оваа сезона би можела повторно да игра во Лигата на шампионите за Рапид, под услов тимот од Букурешт да се пласира во осминафиналето.

Клубот, кој има три големи европски купа во својата соба за трофеи, Лигата на шампионите од далечната 1964 година, Европската лига од 1993 година и европскиот куп од 2000 година, моментално се наоѓа во групата Б, на делба на шестото место со Вајперс, Крим и екипата на Ференцварош, а таа позиција е последна што води во нокаутфазата.

Се вчитува...