Миленикот на „гробари“ пред камбек во Партизан

Партизан е на добар пат да ги израдува своите навивачи со потпис на добро познато лице, по последните информации дека Зек Ледеј е многу блиску до камбек во редовите на српскиот кошаркарски гигант.

Станува збор за кошаркар кој до пред неколку години со огромен успех ги бранеше црно-белите бои под водство на Жељко Обрадовиќ, кога Партизан за малку (поради големиот инцидент на вториот меч со Реал Мадрид) остана без место на фајналфор турнирот од Евролигата.

Крилниот центар потоа се пресели во Олимпија Милано каде што мина две сезони, но тој договор истече, Ледеј повторно е слободен на пазарот, а информациите од Србија говорат дека Партизан е најблиску до потписот со овој кошаркар. Како што информира „Моцарт Спорт“, преговорите се веќе во напредна фаза, а раководството на белградскиот клуб прави се за што поскоро да постигне договор и да го врати миленикот на „гробари“ назад во црно-белиот дрес.

Се вчитува...