Милер доминантно до победа во Јапонија

Австралискиот мотоциклист, Џек Милер стигна до убедлива победа на трката за Големата награда на Јапонија оја се возеше на патеката Мотеги.

Австралиецот уште од самиот старт го презеде водството и стигна до убедлив триумф, пред Хорхе Мартин од Прамак рејсинг и Бред Биндер на КТМ.

Четвртото место му припадна на Марк Маркез кој иако ја имаше пол-позицијата немаше сила за нешто повеќе бидејќи само пред една седмица се врати во Мото ГП шампионатот по долгата пауза. Лидерот во генералниот пласман Фабио Квартараро го освои 8. место, а неговиот најголем ривал за титулата, Пеко Бањаја не успеа да ја заврши трката.

Се вчитува...