Милер после 23 години си оди од Баерн и се сели во Дортмунд?

Од таборот на Баерн Минхен стигна веста дека Мануел Нојер се врати на тренинзите. Ако биде се како што треба, веќе од следната сезона легендарниот голамн треба да се најде меѓу диреците на својот тим.

Меѓутоа стигнува една друга голема вест, дека Томас Милер следната сезона нема да биде дел од „Баварците“. Легендарниот играч на Баерн е на излезна врата, со оглед дека добива се помалку минути во тимот во кој е речиси целата кариера, од 2000 година.

Медиумите во Германија во последно време не го споменуваат Милер во позитивна смисла. Тој е обвинет дека бил еден од оние кои ја предводеле побуната против тренерот Нико Ковач, како и сега против Јулијан Нгалесман.

Милер за Баерн има одиграно 663 натпревари, постигна 234 голови, и запиша 255 асистенции. Оваа сезона во 37 меча постигна седум гола и запиша 11 асистенции. Германците пишуваат дека Милер нема намера за пензија, и дека сака да продолжи да игра, а една од дестинациите каде би можел да заврши е во големиот ривал Борусија Дортмунд. Тоа би било сензационален трансфер.

Се вчитува...