Милевски: Без разлика на сите проблеми, сметам дека сме на прав пат

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на домашен терен од Бугарија со 0-1 во натпревар од последното 6. коло во најновото издание на Лигата на нации.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Боби Милевски по мечот вели дека и покрај сите проблеми тој смета дека сме на прав пат…

„Тоа што го одигравме во квалификациите за СП и баражите е зад нас, но ни дава за право да кажеме дека сме на добар пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма. Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови. Без разлика на тоа со Грузиај одигравме добар натпревар, морам да кажам и вечерва по се тоа што се случи момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна. Во овие момци има потенцијал. Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во ЕВРО квалификациите. Мора да размислиме за тоа кој се ќе игра во следните пријателски натпревари кои што ни следат. “, вели Милевски.  

Милевски дополнува дека најголем проблем е тоа што голем дел од репрезентативците немаат минутажа во своите клубови.

„Фудбалерите се истите кои играа во топ лиги и со силна минутажа. Периодот изминат е таков каков што е. Што се вика до вчера некои играчи се со мала минутажа. Некои штотуку најдоа клуб, некои се уште се без клуб или што се вели вчера најдоа. Тоа е реалната ситуација и затоа нема што да им замерам на момците. Друго е да играш со репрезентации како Грузија и Бугарија, а друго е да дојдеш со 15 или 20 минути и да одиграш вака како што одиграа момците. Ќе ги анализираме моментите бидејќи повторно од наш корнер примаме гол. Тоа се моменти на деконцентрација и мислам дека се тоа доаѓа од физичка неподготвеност. Имаме време до март и имаме време да се надеваме дека момците ќе се наметнат во своите клубови“, додава Милевски. 

Околу црвениот картон на Тодороски селекторот вели…

„Како се одвиваше натпреварот мораше да го заменам Трајковски. Како одигравме во продолжение во натпреварот заслуживме барем бод. Се што се случи по црвениот картон на Тодороски е оправдано. Нема да го коментирам судењето, но можам да ја коментирам ситуацијата. Мислам дека црвениот картон беше престрого даден и тоа е мое мислење“, заврши Милевски. 

Се вчитува...