Милевски: Да ја оставиме политиката на политичарите

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ја пречека Бугарија во натпревар од последното 6. коло од новата сезона во најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.

Селекторот на Македонија, Боби Милевски вели дека се подготвени за победа и дека не ги интересира политика…

„Да ја оставиме политиката на политичарите. Ние сме спортисти и одиме да играме фудбал и да победиме. Ја по првиот меч се заблагодарив на приемот, а сега останува од наша страна да вратиме на ист начин. Само спортскиот аспект ни е во главите. Ја повикувам публиката да навива фер. Околу натпреварот добро ги анализиравме Бугарите и иако имаат нов селектор не се непознаница за нас.

Околу здравствениот билтен на фудбалерите селекторот вели …

„За здравствениот билтен ќе имам појасна слика по тренингот. Не сум задоволен од теренот на стадионот бидејќи не е во добра состојба. Сепак, подготвени сме за мечот и одиме на победа“, заврши Милевски. 

Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...