Милевски ги доби „универзалците“ назад: „Хероите“ се комплетираа, нека му ја мислат Бугарите (ФОТО)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, генерацијата што избори пласман на Европското првенство во Полска, од денеска го има својот препознатлив лик. Се вратија „универзалците“, Бобан Николов, Дарко Велковски, Давид Бабунски, Игор Алексовски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески, кои беа дел и од А-селекцијата во триумфот над Лихтенштајн (0-3) во Вадуз.

Добрите воини ги викаат за секоја битка, а селекторот Благоја Милевски ќе ги има на располагање сите за пријателскиот меч против Бугарија, што ќе се одигра во вторник, со почеток во 14 часот, на тренинг – центарот „Петар Милошевски“. Го нема повредениот Енис Барди, но тука е Виктор Ангелов, кој се рехабилитира од повредата.

Нека му ја мислат сега Бугарите…

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

Се вчитува...