Милевски: Грузија игра поразлично од баражот, a во Скопје не заслужија да победат

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

Анализирајќи ја селекцијата на Грузија, селекторот Благоја Милевски кажа дека тие играат многу поразлично од оној историски бараж за пласман на ЕП.

Тој рече дека во моментов Грузија е во форма, но дека Македонија е дојдена тука по трите бода.

„Никогаш не се навраќам на она што поминало. Дали Грузија е поквалитетна или не, покажуваат резултатите. Грузија е во форма, но играат многу поразлично од претходно. Што е тука е, ние сме подготвени да ги минимизираме тие пропусти и грешки од првиот меч, и ќе дадеме се од себе во нашите можности да презентираме дека Македонија игра добар фудбал“, изјави Милевски. 

Враќајки се на мечот во Скопје, Милевски кажа дека Македонија не заслужила пораз.

„Ако не мислиме дека сме способни за победа, не би доаѓале тука. Во Скопје мислам дека заслуживме повеќе, но фудбалот е таков. Грузија не заслужи победа во Скопје, но тоа не значи дека не сме дојдени тука да победиме. 

Се вчитува...