Милевски: Играме против одлична репрезентација, но утре нешто ќе се прашува и Македонија

Селекторот Благоја Милевски ги искажа своите очекувања пред утрешниот натпревар со Германија. Предвоникот на репрезентација кажа дека е задоволен од прикажаното од фудбалерите во досегашниот тек на квалификациите откако е селектор, и сега очекува и утре да бидат исполнети задачите кои ќе бидат зададени за уште еден успешен резултат.

„Секој натпревар си има своја тежина, секој меч е приказна за себе. Со Лихтенштајн момците влегоа максимално, без потценување и го дадоа максимумот. Нема опуштање, ниту притисок, и мислам дека секој натпревар е важен. Мора да бидеме на врвно ниво, што се однесува до тактичката дисциплина и поединечно и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим со врни фудбалери, за многу нешта ќе се прашува и Македонија“, напомена Милевски.

Задоволство истакна и од младите играчи кои се вклопуваат во националниот тим на Македонија во овие натпревари.

„Имаме шест млади играчи кои се приклучени на тимот од последните кои играа во квалификациите за младата селекција. Не можам да не бидам задоволен од она што го покажуваат на подготовките на нашите собири, и од последниот настап на дебитантитте. Од самите нив зависи како ќе се наметнат. Дeка имаат квлаитет и потенцијал е несомнено, сега од нив зависи како ќе се однесуваат, треба да покажат посветеност, професионалност, да се стават во функција на тимот. Засега е добро, и тоа е насока по која треба да се движиме.

Во создавање сме на нова физиономија на тимот, да создадеме тим кој ќе биде конкурентен за ЕП 2024 во Германија. СЕ што следува до тогаш ќе го искориситме на најдобар можен начин да ги спроведеме идеите. Секако е задоволство да се работи со ваквки играчи, со оглед дека на најдобар можен начин го пренесуваат и на терен. Како новост во тимот кое го имаме им прилега, им годи, и тоа го покажуваат и на теренот. Поддршката ни е и тоа како потребна ,и тоа ќе биде од голема помош. “, изјави Милевски.

Селекторот напомена дека отсуството на Пандев и на Барди се чувствува, но дека и овој тим со овие играчи ќе излезе да се бори со големата селекција.

„Отсуството на Пандев и на Барди се чувствува. Може да се каже дека Горан не настапува и таа е негова одлука. Неговата улога во мак фудбалот воопшто е огромна, не само поради квалитетот, туку и за афирмација. Во моментов сме без Барди, но што е тука е, со било какви проблеми. Имавме слични проблеми во циклусот, но сите кои се тука се подготвени да одговорат на предизвикот. Не чека сосема поинаков натпревар од тој во Дуизбург. Ќе треба да бидеме максимално концентрирани на нашето ниво ако сакаме да дојдеме до позитивен резултат“.

Милевски даде кратка анализа за Германија со новиот селектор.

„Мислам дека сега Германија игра друг фудбал со нов селектор. Играчите се тие, но сосема со различни задолженија. Како ќе одиграат утре, тоа низ анализите тоа можеме да го претпоставиме, но тоа не е гаранција дека така ќе играат и со нас“.

Селекторот на крајот кажа дека и Германија како секоја селекција има слаби страни, кои ќе мора да се искористат.

„Секоја репрезентација и од типот на Германија остава некои слаби страни, на нас е да ги воочиме, да пробаме да ги искористиме. Дека имаат – имаат, а на нас е дали ќе ги искористиме“, заврши Милевски.

Се вчитува...