Милевски: Исланд воопшто не е наивна селекција, но се ќе зависи од нас во Рејкјавик

Селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар на Македонија со Исланд во Рејкјавик во квалификациите за СП 2022 потенцираше дека не чувствува никаков притисок од јавност по ремито со Ерменија, но напротив дополнителен мотив со изградбата на репрезентацијата која во моментов се наоѓа во трансформација.

„Не очекува исклучително тежок и неизвесен натпревар против Исланд која е квалитетна екипа. Го анализиравме нивниот дуел со Романија на кој воопшто не заслужија пораз. Ние сме свесни дека треба да бидеме на највисоко ниво ако сакаме позитивен резултат од Рејкјавик. Исланѓаните сакаат да игра фудбал, нивниот актуелен селектор сака да игра фудбал и сакаат да имаат посед на топка. Воопшто не се наивна селекција, но се ќе зависи и од нас и од нашиот приспат на утрешниот натпревар“ – истакнува Милевски, притоа дополнувајќи:

„Јасно е дека нашата репрезентација е во фаза на трансформација, што се однесува на тимот. Имаме играчи со помал стаж во сениорската репрезентација, но кои апсолутно го заслужуваат повикот. Не чувствувам ниту јас ниту тие некако притисок од јавноста, затоа што се работи за големи професионалци со огромен мотив за настап во националниот дрес. На секој натпревар играат за победа. Огромна беше желбата за триумф и против Ерманија, жалиме за пропуштените два бода, но некогаш се прашува и противникот. Сето тоа е дел од фудбалската игра“.

Натпреварот меѓу Исланд и Македонија од 5. коло во квалификациите за СП 2022 се игра утре во Рејкјавик со почеток од 18 часот.

Се вчитува...