Милевски не ја остава Македонија: Одби голема понуда од странство, потпиша нов договор со ФФМ!

Благоја Милевски и по завршувањето на овој квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 во Италија останува селектор на младата репрезентација на Македонија откако потпиша нов двегодишен договор со Фудбалската федерација на Македонија.

Милевски изминатиов период, како што дознаваме, имаше неколку извонредни понуди за преземање клуб во странство, од Србија и Словенија, и неколку западноевропски земји, но се одлучи да ја продолжи својата веќе почната работа со нашата млада селекција…

„Точно е дека имав понуди за продолжување на работата надвор од Македонија, но не беше погоден моментот за заминување од тука. Сега потпишав нов договор со ФФМ, па ќе бидеме заедно уште две години плус“ – вели Благоја Милевски.

Македонија, под водство на Милевски, одлично го почна и новиот квалификациски циклус победувајќи со 0-3 на гостувањето против Ерменија. Сега на 6. октомври во Скопје не очекува средбата против Србија.

Се вчитува...