Милевски: Неправеден резултат, примените голови беа само по наша вина

Фудбалската репрезентација на Македонија беше на добар пат да избори нови три бода во квалификациите за Светското првенство во Катар, но од водство од 2-0, Исланд успеа да изедначи на 2-2 со головите на Бјарнасон и Гудјонсен во 78. и 84. минута.

По натпреварот новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски не го криеше разочарувањето од крајниот резултат, но потенција дека и покрај ремито тој е задоволен од прикажаното на неговиот тим на теренот.

„Мислам дека Македонија беше далеку подобар противник. Покажа одлична игра, јас мислам дека овој резултат е неправеден, но јас сум задоволен од момците и играта. Мислам дека головите кои ги примивме беа по наша вина“, изјави Милевски.

На прес-конференцијата Милевски беше запрашан и за судењето на денешниот натпревар на кој тој го доби и вториот жолт картон во квалификациите со што нема да биде на клупата на Македонија на престојниот натпревар со Романија, кој ќе биде одигран во Скопје на 8. септември.

„Тоа се емоции за време на натпреварот. Не би коментирал додека не ги погледнам дополнителни снимки“, додаде селекторот.

Се вчитува...