Милевски: Одиме во Полска со истата верба во нашиот квалитет како и досега!

Предводникот на генерацијата која го донесе најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, Благоја Милевски по соопштувањето на списокот на младата селекција за ЕП во Полска нагласи дека ќе се заминува на Северот од Европа со истата верба како и досега, кога се во прашање овие млади момчиња, дека може да се надигруваме со секого.

Македонија е во најтешката група на шампионатот, очекувајќи дуели против Шпанија, Португалија и Србија. Но, тоа воопшто не оптоварува, но мотивира да се продолжи со квалитетните изданија на зелениот терен…

„Многу се добро познати квалитетите на сите селекции против кои ќе играме во Полска. Се се тоа фудбалери од најсилните европски шампионати кои во себе имаат огромен број натпревари од највисоко европско ниво. За разлика од нас. И сигурно тоа не можеме да го надополниме. Но, можеме со сета онаа сила која не водеше и низ квалификациите да покажеме дека може да се надигруваме со секого. Ние немавме некое силно европско искуство и низ квалификациите, но оставивме зад нас репрезентации како Франција, Украина, Исланд, Шкотска… Тоа ни носи надеж и за Полска“ – истакна Милевски на средбата со медиумите.

pres ffm

Благоја Милевски собирот на младите репрезентативци го почнува од утре, но со генерацијата 1996/97 која ќе се подготвуваат за септемврискиот старт на квалификациите за ЕП 2019 во Полска.

На 4. јуни ќе се игра меѓусебен натпревар меѓу две селекции од оваа генерација, а веднаш потоа стартуваат подготовките на селекцијата која ќе настапи на ЕП во Полска. Во Скопје подготовките ќе течат до 12. јуни од кога нашата младата репрезентација се сели во Полска. Првиот натпревар го играме на 17. јуни од 20:45 часот против Шпанија во Гдиња.

СПИСОКОТ НА ПАТНИЦИ ЗА ЕП 2017 ВО ПОЛСКА

spisokot

  • Списокот ќе биде дополнет со уште шест до седум имиња кои ќе се приклучат од помладата генерација фудбалери 1996/97, која се подготвува за квалификациите за ЕП 2019 во Италија

Се вчитува...