Милевски: Оваа 2017 година ветува уште поуспешна иднина за македонскиот фудбал!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски преку новогодишна честитка за ФФМ со краток осврт на изминатава 2017 година.

Милевски потенцира дека годината е најуспешната во историјата на фудбалот во независна Македонија, која ветува дека и иднината ќе биде далеку посветла за македонскиот фудбал.

„Промените во македонскиот фудбал започнаа пред Европското првенство, вклучувајќи ги најуспешните квалификации кои ги одиграа фудбалерите до 21 година, па од тука веројатно започна нашиот подем. Но, јас би ја потенцирал работата во Академијата на ФФМ која дава резултати и во идната треба да претставува наша движечка фудбалска сила. Македонија играше на Европско првенство, А репрезентацијата оствари одлични резултати, младите селекции се пласираа во Елитна рунда на УЕФА…, мислам дека оваа година е најуспешна до сега“ – коментира Милевски и дополнува:

„Јас самиот си наметнувам правила и цели, а тоа значи секогаш да се стремиме кон најдоброто. Со репрезентацијата до 21 година врвот го достигнавме со настапот на Европското првенство во Полска, но тоа не значи дека застануваме на тоа. Условите кои ни ги овозможува Фудбалската федерација се на највисоко можно ниво и секогаш потенцирам дека се на ниво на А репрезентацијата“.

Се вчитува...