Милевски прозива точно напладне, националите посакуваат триумфален финиш на квалификациите

Репрезентацијата на Македонија денеска точно напладне го има првиот собир за последните два натпревари од квалификациите против Ерменија на гости и против Исланд на домашен терен. Селекторот Благоја Милевски останува без услугите на Адис Јаховиќ кој поради повреда ќе мора да паузира одреден период, па на неговото место прв повик добива Доријан Бабунски.

Елиф Елмас е играчот кој вчера најдоцна играше, заедно со Тодор Тодороски. Сепак, Тодороски игра во Ниш и се очекува да се јави на прозивката.

Вечерва е закажан и првиот тренинг на селекцијата, а националниот тим ќе тренира во Скопје и утре, а во среда веќе заминува во Ереван. Натпреварот со Ерменија се игра во четврток на 11. ноември во 18:00 часот. Три дена подоцна, во недела, следува и последниот меч во квалификациите со Исланд во Скопје.

Се вчитува...