Милевски со двоен список: Сефери доби повик за Црна Гора, „хероите“ на тест со Бугарија

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, објави двоен список за тестовите со Црна Гора на 24.март и со Бугарија четири дена подоцна. На првиот пријателски натпревар ќе настапи новата генерација на фудбалери до 21 година, која ќе игра во следниот циклус од квалификациите. По подолг период, во младинската репрезентација е повикан Таулант Сефери (екс Сулејманов), кој е член на Јанг Бојс, но и досега јавно даваше изјави дека сака да игра за Албанија. Сепак, Милевски го повика за тестот со Црна Гора на 24.март. Во селекцијата се наоѓаат и Елиф Елмас и Бенјамин Демир од Работнички, Енур Тотре од Шкендија. Јован Попзлатанов од Пелистер, Петар Петковски од Вардар, како и Никола Кулески од Сиднеј, Австралија и Дориан Бабунски од Радомље.

На вториот список на Милевски се наоѓаат веќе познатите имиња на „хероите“ кои ќе настапат на Европското првенство во Полска оваа година. Повикани се Игор Алексовски, Дарко Велковски, Егзон Бејтулаи, Дабид Бабунски, Бобан Николов, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески, кои се и на списокот на А-тимот за квалификацискиот меч со Лихтенштајн, на 24.март. Тие потоа ќе му се стават на располагање на Милевски за тестот против Бугарија.

Во стручниот штаб на младата фудбалска репрезентација до 21 година е приклучен Зоран Мицевски како тренер на голманите.

spisok za crna goraspisok za bugarija

Се вчитува...