Милевски: Утре ќе го соопштам конечниот список патници за Полска

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ генерацијата македонски репрезентативци 96/97 одигра контролен натпревар кој треба да даде одговорот кој шест или седум имиња ќе бидат вклучени во списокот на селекторот на Македонија до 21 година за Европското првенство во Полска. Предводникот на најуспешната македонска репрезентација, Благоја Милевски дефинитивниот список за континенталниот собир ќе го соопшти утре.

„Ова е наша последна проверка пред почетокот на новите квалификации. Задоволен сум од фудбалерите, покажаа дека не случајно се тука. Се надевам дека ќе имаат успешни подготовки, а пред се ќе бидат стандардни во своите клубови. Списокот за ЕП во Полска, или кој од фудбалерите од новата генерација ќе ги вклучиме за настап на Европското првенство ќе го соопштиме утре“ –  изјави Милевски по денешниот меч на младите.

u21-crveno-beli (21)

Фудбалерите кои веќе се најдоа на списокот на Милевски за ЕП во Полска денеска го имаат првиот собир во 17 часот во хотел „Александар Палас“.

Се вчитува...