Милевски утре со списокот на „хероите“ за ЕП во Полска

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски утре ќе го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за најголемиот настан во историјата на македонскиот фудбал досега, настапот на Европското првенство во Полска.

Креаторот на досега најдобрата фудбалска генерација во Македонија се очекува без поголеми измени, главно со имињата на кои сметаше, се потпираше и им веруваше низ квалификацискиот циклус, да замине и во Полска каде македонскиот фудбал ќе пишува своја историја.

Согласно најавите, се очекуваат 23 до 25 фудбалери да се најдат на списокот на Милевски, на кој на голманските позиции очекувано ударни ‘алки’ се Игор Алексовски од Вардар и Дамјан Шишковски од Работнички.

Во одбраната, стандардните Дарко Велковски и Бесир Демири од Вардар, Егзон Бејтулаи и Мевљан Мурати од Шкендија, Ѓоко Зајков од белгиски Шарлерој, Алекса Амановиќ од српски Јавор. Во средниот ред неизбежните Давид Бабунски (Јокохама), Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт), Кире Маркоски (Работнички), Даниел Аврамовски (Олимпија), Тихомир Костадинов (Злате Моравче), Никола Ѓоргев (Грасхоперс)…, но се очекува повик и за Елиф Елмас и Никола Кулески од австралиски Сиднеј.

Во нападот, Марјан Радески од Шкендија, Виктор Ангелов од Ујпешт, Филип Пивковски од шведска Ландскрона и Петар Петковски од Вардар.

mlada reprezentacija radost

Оставен е простор и за неколку имиња од домашните клубови, кои и претходно беа во комбинација за настап кај Милевски.

Македонија, како што е познато, на ЕП во Полска е во група со Шпанија, Португалија и Србија. Првиот натпревар македонската селекција го игра на 17. јуни против Шпанија од 20:45 часот во Гдиња.

Се вчитува...