Милевски: Важно е како ќе функционираме како тим, индивидуалци не добиваат натпревар

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски  на прес-конференција во Тбилиси пред мечот со Грузија ги искажа своите очекувања во пресрет на утрешниот меч кој почнува во 18:00 часот.

Милевски на новинарско прашање околу тоа дали стравува формата на Кварцахелија, соиграчот на Елмас во Наполи, кажа дека секогаш е важно како ќе функционира македонската селекција како тим, и не се занимава со поединци.

„Секогаш се концентрирам на она како ќе функционира нашиот тим, и како ќе функционираме ние против екипа. Поединците се важни, но секогаш е важно тимот како ќе функионира. Тимот победува секогаш, не инвидуалец. Кварацхелија е во добра форма, но не може тој се сам. Тимот е поважен“, рече Милевски. 

Милевски за циклусот Лига на Нации, кажа дека поради многу откажувања, селекцијата морала да се освежува, но и дека додека се има шанси за првото место, репрезентацијата нема да се предаде.

„Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот, но за жал овој циклус на Лига на Нации го почнавме со многу проблеми поради повреди, и моравме да го освежуваме тимот, иако не планиравме. Продолжувавме со циклус на транзиција, и оваа можност е да се увериме на потенцијалот на сите оние млади играчи кои надоаѓаат. Мислам дека Македонија е во моментов конкурентна во нашата група, и се додека постојат најмали шанси ќе се потрудиме да ги искористиме“, кажа Милевски. 

Се вчитува...