Милевски: Задоволен сум во целина од демонстрацијата на терен, наидовме на цврст противник кој беше решен да се брани

Македонскиот селектор Благоја Милевски во целина е задоволен од изданието на националниот тим на неговото деби на клупата на А-репрезентацијата, иако, како што вели, има секако има делови за корекции со оглед на демонстрирани недостатоци.

Со оглед на краткиот период за подготовки за овој меч може да се искаже задоволство од одредено ниво на игра, кое треба да биде пример како треба да изгледа овој тим во иднина.

„Сакам да им честитам на фудбалерите за односот кон националниот дрес. Мислам дека првото полувреме треба да ни биде пример како треба да изгледаме во иднина. Во вториот дел ни фалеше тој завршен пас. Имавме проблеми особено во транзицијата, но задоволен сум како го одигравме поголемиот дел од натпреварот“ – истакна Милевски на прес-конференцијата по мечот, дополнувајќи дека сериозен проблем претставува и натпреварувачката форма кај репрезентативците.

„Не беше лесно воопшто да се пробие еден добро организиран противник кој беше дојден да се брани, и успеа во тоа. Напреварувачката форма на голем дел на играчите не е на нивото, и ќе видиме за следните натпревари во каква состојба се играчите и ќе одлучиме кој ќе игра на следните два натпревари“.

Се вчитува...