Милик: Не може да се споредат Влаховиќ и Левандовски

Полскиот голгетер Аркадиуш Милик е една од последните аквизации на италијанскиот великан, Јувентус. Тој беше запрашан дали може да направи споредба меѓу неговиот сонародник Роберт Левандовски со кој игра заедно во репрезентацијата и неговиот нов соиграч во „старата дама“, Србинот, Душан Влаховиќ.

Тој вели дека не може да се споредат овие двајца фудбалери бидејќи Србинот е на почеток на кариерата, а неговиот сонародник веќе е бренд во фудбалот.

„Тешко е да се споредат. Практично и не може да се направи споредба. Душан е многу млад, додека Роберт е во различен момент од кариерата. Двајцата се силни напаѓачи, головите говорат за тоа. Душан има 22 години и може и натаму да напредува, има голема иднина. Лева сепак има 34 години“, изјави Милик. 

Се вчитува...