Милинковиќ-Савиќ го селеа секаде, а тој не „мрда“ од Лацио

Ниту ова лето српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ нема да ја менува средината и ќе остане во Лацио. Речиси секој преоден рок во последните 5-6 години, Србинот се „сели“ во Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид… но на крајот секогаш остануваше верен на „лацијалите“.

Оваа сезона кружеа информации дека може да се пресели во ПСЖ, Јувентус, Милан, повторно Манчестер Јунајтед, но од тоа нема да биде ништо.

„Одлуката е донесена, Сергеј сигурно останува во Лацио“, кажа агентот на СМС, Матеја Кежман за „Кориере дело Спорт“.

Милинковиќ-Савиќ има важечки договор со Лацио до 2024 година.

Се вчитува...