„Милионерите“ му се истурија на Волфсбург (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд одигра неверојатен натпревар на домашен терен совладувајќи го Волфсбург со неверојатни 6-0 во 30. коло од германската Бундеслига.

Домаќините поведоа со голот на Роте во 24. минута, а само две минути подоцна веќе беше и 2-0 со погодокот на Витсел. До крајот на првиот дел во листата на стрелците се запишаа и Аканџи, Чан и Халанд и на пауза се замина со предност на „милионерите“ од 5-0. Со својот втор гол во 54. минута Халанд зголеми и на 6-0, додека конечните 6-1 ги постави Баку о 82. минута.

Во останатите мечеви од терминот во 15.30 часот: Аугзбург – Херта 0-1, Фрајбург – Бохум 3-0 и Мајнц – Штутгарт 0-0.

 

БУНДЕСЛИГА РЕЗУЛТАТИ 30. КОЛО: 

Борусија Д. – Волфзбург 6-1

Аугзбург – Херта 0-1

Фрајбург – Бохум 3-0

Мајнц – Штутгарт 0-0

 

 

Се вчитува...