„Милионерите“ немоќни без Халанд во Менхенгладбах

Борусија Дортмунд загуби нови бодови во трката за највисок пласман откако „милионерите“ вечерва беа поразени на гостувањето против Борусија Менхенгладбах со 1-0. Ерлинг Халанд не настапи на оваа средба, исто како и Марко Ројс, а без двајцата клучни играчи во нападот гостите од Дортмунд беа далеку од посакуваното ниво и заслужено го загубија овој натпревар.

Како клучен се покажа погодокот што го постигна Закарија во првото полувреме, кога швајцарскиот репрезентативец најдобро се снајде во една мешаница во противничкиот дефанзивец и со удар од десетина метри го матираше голманот на гостите. „Милионерите“ пред крајот на полувремето останаа и со фудбалер помалку по исклучувањето на Дахуд, по што немаа сили за камбек со 10 играчи во вторите 45 минути од натпреварот.

Борусија Дортмунд по денешниот пораз остана на 12 бода на своето салдо, четири помалку од лидерот Баерн Минхен.

Се вчитува...