„Милионерите“ со два гола на Жулијан Брант до триумф над Штутгарт (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со 0-2 на гостувањето против Штутгарт во 29. коло од Бундеслигата.

Победата за „милионерите“ ја донесе Жулијан Брант со два погодоци.

Првиот го запиша во 12. минута, а вториот во 71. минута од натпреварот.

Со овој триумф Борусија Дортмунд повторно е на шест бода од водечкиот Баерн Минхен, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...