Ниту „милиони“ не помагаат против баварската машинерија… (видео)

Баерн Минхен покажа кој е кој во германскиот шампионат, славејќи убедливо со 4-1 против Борусија Дортмунд во дерби пресметката од 28 коло во Бундеслигата.

„Милионерите“ ниту од далеку не можеа да се спротистават на баварската машинерија, која победата ја најави уште во првите 10 минути со головите на Рибери во 4. минута и Левандовски во 10. минута.

Иако, гостите успеаја брзо да постигнат гол преку Гуереро во 20. минута, сепак тоа беше се што можеа да направат против расположениот Баерн Минхен.

Во второто полувреме следеа уште два гола, на Робен во 49. минута и Левандовски во 68. минута за конечни 4-1.

All Goals & Highlights HD – Bayern Munich 4-1… by Video-Sport

По овој триумф, Баерн Минхен со 68 бода, е цели десет бода пред второпласираниот Лајпциг, додека Борусија Дортмунд остана на 4. место со 50 бода.

Се вчитува...