Милков останува на чело на Беласица

Беласица ја продолжува соработката со Ване Милков, со што струмичкиот клуб му укажа доверба на стратегот под чие водство обезбеди промоција во елитното друштво. Милков ја предводеше Беласица во одличната сезона во која овој тим до моментот на прекин беше првопласиран во Втората лига – Исток, по што управата на Беласица реши да ја продолжи соработката со него.

„Им благодарам на претседателот на клубот и управата за укажаната доверба и наредната сезона да останам на оваа позиција. Оваа прилика ќе ја искористам јавно да упатам честитки до сите мои фудбалери за влезот во Прва лига, и да им изразам голема благодарност затоа што неуморно, пожртвувано, посеветено и дисциплинирано, на секој тренинг и натпревар го даваа својот максимум. Момци ВИЕ сте најзаслужни за враќањето на ФК Беласица во ПМФЛ. Исто така голема благодарност и до Претседателот на клубот, и до целиот мој стручен штаб, управен одбор и сите колеги во клубот како и голем дел на млади фудбалери од младинската школа кои беа дел од тренажниот процес низ сезоната. Вашата помош и поддршка ни беа неопходни за да ја исполниме зацртаната цел, да ја вратиме ФК Беласица на местото каде што припаѓа. Во моментот можам да ветам само една работа. Јас и мојот стручен штаб ќе дадеме се од себе за ФК Беласица овојпат да остане во елитата. Ќе го вложиме целиот наш труд, напор и знаење за да ја исполниме оваа цел“ – изјави Милков.

Се вчитува...