Џејмс Милнер, поранешниот фудбалер на Ливерпул кој сега настапува за Брајтон во новата сезона ќе го носи бројот „20“ во чест на прерано починатиот португалски фудбалер Диого Жота кој го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Милнер и Жота поминаа три години заедно во Ливерпул од 2020 до 2023 година формирајќи големо пријателство.
„Откако слушнав дека Карлос Балеба сака да го промени својот број и дека бројот 20 е достапен, сакав да го направам тоа како знак на почит и очигледно да му оддадам почит на Диого. Тој беше неверојатен играч со кого имав среќа да играм и одличен пријател. Затоа би било голема чест да го носам неговиот број во Премиерлигата“, изјави Милнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

