Милнер го смени бројот на дресот: Го направив тоа во чест на Жота

Џејмс Милнер потпиша нов договор со Брајтон и ќе стане трет фудбалер што со наполнети 40 години ќе заигра во Премиер-лигата, а ветеранот реши летово да го смени и бројот на дресот што ќе го носи на грбот.

Причина за ваквиот потег е желбата на Милнер да го носи дресот со број 20 во чест на Диого Жота, поранешниот соиграч од Ливерпул кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа минатиот месец.

„Кога слушнав дека Балеба го менува бројот и 20-ката е слободна, веднаш посакав јас да ја земам за себе. Тоа го правам од почит кон Диого Жота, кој беше фантастичен играч за кого со гордост можам да кажам дека беше мој добар пријател. Секогаш го фалев, каков извонреден играч беше, но она што е уште поважно – тој беше уште подобар човек. Толку многу се забавувавме заедно, затоа и тагата сега е голема… ќе ми биде чест да го носам неговиот дрес на грбот“, изјави Милнер.

Се вчитува...