Милорад Мажиќ ќе го суди финалето на ЛШ, Бјорн Кујперс ќе дели правда за трофејот во Лига Европа

Српскиот стратег Милорад Мажиќ ќе биде главен судија на финалето на Лигата на шампионите што ќе се одигра на 26 мај во Киев. Тој ја доби довербата на Пјерлуиџи Колина, комесар за делегирање на судии во УЕФА, да ја дели правдата на мечот меѓу актуелниот европски првак Реал Мадрид и Ливерпул.

Дуелот за трофејот во Лигата на Европа ќе го суди холандскиот судија Бјорн Кујперс. Во финалниот дуел во Лион, на 16 мај ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.

Во финалето на ЛШ во женска конкуренција ќе играат Волфсбург и Олимпик Лион, а овој меч ќе го суди чешката судијка Јана Адамкова.

 

Се вчитува...