Милосављев извонреден, Вардар го реши европскиот шампион

Вардар ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со голема победа на гостувањето против актуелниот европски шамопион Мопелје со 24-27  .Вардарци и Роберто Парондо ги урнаа сите сомнежи и дозата на неизвесност на стартот од новата сезона. И што е наинтересно, против европскиот шампион беа најсилни таму каде што се условно, најтенки  – со извонредна партија на новакот на голот Дејан Милосављев. Искуството на вардарци, добрата тактичка поставеност и дисциплината во играта и Милосављев на голот

Вардарци“ добро го стартуваа натпреварот, Скубе беспрекорно диригираше со нападите на македонскиот првак, па по шест минути игра резултатот гласеше 4-4. Дејан Милосављев имаше две извонредни интервенции, па Вардар набрзина поведе со 4-6, по што Монпелје со два гола стигна до израманување, за на половина од полувремето резултатот да гласи 6-6.

Вардар ја имаше иницијативата  и минималната предност и во втората четвртина. Скубе одлично го предводеше нападот и беше нерешлива енигма за одбраната на Монпелје, а Милосављев влезе во успешна серија и внесе дополнителна сигурност во играта на „црвено-црните“. Во 20.минута српскиот голман на голот на Вардар му одбрани седмерец на Мелвин Ричардсон, а потоа и зицер на десниот бек на Монпелје и ги спречи домаќините да го преземат водството. А  „тројната пируета“ на Милосављев на седум минути пред крај на првиот делкога имаше три врзани интервенции на контра на Монпелје,  дефинитивно ја разниша самодовербата на актуелниот европски шампион.

Диего Симонет го искористи малото невнимание во одбраната на Вардар и во 25.минута одново го врати Монпелје во минимално водство (10-9), но вардарци задржаа чекор во играта, тактички добро му парираа на домаќинот, а погодокот на Иван Чупиќ од седмерец им донесе предност на полувремето од 11-12.

Внимателната и тактички добро поставена игра на вардарци, десеттата интервенција на Милосављев и серијата грешки на Монпелје го одбележаа почетокот на вториот дел. Вардар стартуваше фуриозно и  за пет минути се одлепи на 11-14. Домаќините беа доведени во ситуација да бркаат резултат и темпо што го наметна македонскиот шампион.

Монпелје го засили притисокот и успеа да ја стопи предноста на вардарци на средината од вториот дел. Жерар одбрани зицер, а потоа домаќините поентираа на празниот гол на Вардар, врзаа серија од 4-0 и го свртеа резултатот на 19-18. Роберто Парондо реагираше со тајм-аут и успеа да ја стабилизира играта и да ги врати вардарци во ритам. „Црвено-црните“ се вратија во позитива и мирно ја контролираа играта и резултатот. На две минути пред крај Вардар дојде со погодокот на Мораеш дојде на +4 (23-27) за мирен финиш и осигуран голем триумф.

Вуко Борозан беше најефикасен со осум погодоци, Иван Чупиќ постигна шест од шест, а Сташ Скубе додаде пет гола во триумфот на Вардар. Но дефинитивно, голема заслуга за првата победа во ЛШ оди кај голманот на Вардар, Дејан Милосављев кој запиша 16 одбрани. Кај Монпелје прв стрелец беше Вид Кавтичник со шест гола, а Винсент Жерар заврши со 11 одбрани.

Во следното коло на 22 септмеври, Вардар во Скопје го пречекува Кристијанштад.

Се вчитува...