Милосављев пак е дел од најдобрите голмани (видео)

Дејан Милосављев бранеше извонредно кога беше најважно против Рајн-Некар Левен, давајќи значаен придонес во четвртата победа во низа во Лигата на шампионите. Српскиот голман прераснува во нов миленик на публиката во „Јане Сандански“, воедно и во редовен учесник на топ-листите на најдобри интервенции.

Со саботната одбрана со која стави точка на победата над Германците, Милосављев се најде на второто место на најновата ранг-листа на ЕХФ, зад Миклер од Веспрем и неговиот одбранет седмерец за триумф во последните секунди во Белорусија.

Најдобрите пет голмански интервенции од четвртото коло во Лигата на шампионите можете да ги погледнете на СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Се вчитува...