ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонија лесно славеше над Гвинеја во меч што мина во максимално коректна атмосфера, како на теренот, така и на трибините. Сепак, забележителни бееа засилените безбедносни мерки на хрватските органиатори, кои по казната од ИХФ и инцидентите на дуелот со Холандија решија токму денеска, во меч без никаква тензија да „тренираат строгост“ врз македонските фанови.
Токму затоа, со нова реакција се јави Генералниот секретар при РФМ, Филип Милошевски, јавно критикувајќи го третманот што „фалангата“ го доби од обезбедувањето.
„Честитки до нашите момци за победата, одиме во следна фаза, напред Македонија !
А врска организација на вечерашниот натпревар :
❌само еден влез во арена активен ;
❌жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари ;
❌во опасни предмети вклучени се и кармини, лабело , сјај за уста, полњач за телефон и сл. ;
❌простор за пушење нема, а ако решите да излезете треба пак назад кај редарот на главен влез ;
АМАН дојдовме во мир, најпријателски и најспортски 🌼“, напиша Милошевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА