Милутинов остана дома, Олимпијакос доведе нов центар

Никола Милутинов се уште се мачи со повредата поради која пропушти голем дел од подготовките на Олимпијакос. Српскиот центар имаше минимална минутажа на отворањето на Евролигата со Басконија, но „црвено-белите“ од Атина решија да не ризикуват, па тој воопшто нема да патува со тимот за претстојното двојно коло во кое актуелниот европски првак ќе гостува на Жалгирис и на Виртус Болоња.

„Милутинов има проблем со тетивата што лесно се воспалува и влијае на неговите движења. Решивме да не ризикуваме, затоа Никола ќе остане во Атина и ќе работи со медицинскиот тим, се со цел што поскоро да биде стопроцентно подготвен за настап“, истакна тренерот Јоргос Барцокас.

Во меѓувреме, Олимпијакос реши да доведе уште еден центар потпишувајќи договор со Брајан Данстон, ветеранот кој изминатиот месец тренираше со „црвено-белите“ и стори доволно за да го убеди Барцокас да му биде понуден договор. Данстон со 40 години ќе биде највозрасен кошаркар во Евролигата, но ќе биде четврта опција на стручниот штаб, зад Милутинов, Хол и Тајрик Џонс.

Се вчитува...