Милвоки еден месец без важен првотимец

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Крис Мидлтон ќе мора да паузира еден месец поради повредата на бутниот мускул на левата нога. Ѕвездата на Бакс се повреди на натпреварот против Оклахома кој неговиот тим го доби со 121-119. По дополнителните лекарски прегледи утврдено е дека повредата не е ни малку наивна и дека поради тоа крилото ќе мора да паузира три до четири седмици.

Мидлтон сезонава за Милвоки одигра 10 натпревари на кои просечно бележеше по 18,5 поени и 5,7 скока.

Се вчитува...