Милвоки го доби дербито со Лејкерс, рекорд на сезоната за Вестбрук (ВИДЕО)

Милвоки Бакс го совлада Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен со 111-104 во мечот на двата тима со најдобар скор сезонава во НБА лигата. Клучна во мечот беше втората четвртина во која Бакс со серија од 20-6 на полувреме замина со огромни плус дваесет и еден 51-30. Јанис Адетокумбо со 34 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Џорџ Хил уфрли 21. Кај Лејкерс недоволни беа трил-даблот на Леброн Џејмс 21 поен, 12 скока и 11 асистенции и одличната партија на Ентони Дејвис кој мечот го заврши со 36 поени.

Расел Вестбрук ја одигра најдобрата партија во дресот на Хјустон Рокетс во мечот во кој неговиот тим ги доби Лос Анџелес Клиперс на гости со 117-122. Весбрук мечот го заврши со рекорден 41 поен, надополнет со 10 скока и 5 асистенции, додека Џејмс Харден уфрли 28 поени. Кај Клиперс се истакна Пол Џорџ со 34 поени, а Кавај Ленард уфрли 25 поени.

Во останатите два меча од понудата Јута беше сигурна на гости против Атланта со 106-111, додека Сан Антонио го изненади Бруклин со 118-105.

Се вчитува...