Милвоки го урна Торонто во дербито на Истокот (ВИДЕО)

Во дербито на Источната конференција, во пресметката на двете водечки екипи, Милвоки на гостински паркет го победи Торонто со 104-99 и ја продолжи лошата резултатска серија на лидерот на две последовни средби и на три пораза на последните четири натпревари.

Торонто сепак останува најуспешниот тим во Лигата во досегашниот тек од сезоната. Има биланс од 21/7 што е за четири победи повеќе и еден пораз помалку од ефектот на второпласираниот Милвоки.

„Репторс“ подобро го отворија дуелот, по првата четвртина има пет поени предност, во продожението Милвоки ја доведе состојбата во егал. „Бакс“ беа подобар противник во третата четвртина, па во завршниот сегмент влегоа со 11 поени предност. Во неизвесната завршница со серија тројки, а потоа и преку слободни фрлања, Милвоки дојде од победата.

Кај Милвоки Брук Лопез и Јанис Адетокумбо беа најефикасни со по 19 поени. Серж Ибака со 22 поени го предводеше Торонто, Каваи Ленард постигна поен помалку.

Во некогаш големото дерби на Западната конференција, екс-првакот Сан Антонио ја победи Јута со 110-97. „Спарс“ се дури 13 на табелата, Јута е позиција погоре.

Шарлот и Тони Паркер дојдоа до 13. сезонска победа триумфрајќи на гостувањето кај Њујорк со 119-107. Шарлот е на седмата позиција во Источната конференција, Њујорк за кого ова беше дури 20. пораз е на дното од конференциската табела.

 

 

 

 

Се вчитува...