Милвоки и Хјустон тргнаа моќно во плеј-офот

Милвоки импресивно го стартувaше настапот во плеј-офот откако најдобриот тим на „Истокот“ лесно и убедливо славеше над Детроит со 121-86. Адетокумбо беше незапирлив под обрачите реализирајќи 24 поени и 17 скокови, а за фрустрациите на Детроит најдобро говори фактот дека центарот Драмонд доби исклучувачка грешка за брутален старт над грчкиот ас во третата четвртина, при 41 поен разлика за противникот. Седум кошаркари на Милвоки постигаа двоцифрен број на поени, додека кај Детроит најефикасен беше Лук Кенар со 21 постигнат поен.

Моќна победа во првиот плејоф меч забележа и Хјустон, кој го декласираше тимот на Јута џез со 122-190. Џејмс Харден ги предводеше стрелците со 29 поени и 10 асистенции, „ракетите“ имаа дури осум играчи со двоцифрен ефект, а на гостите не им помогна ниту враќањето на Рики Рубио по повредата.

Најнеизвесно беше во Портланд, каде домашниот тим по голема битка славеше над Оклахома Сити со 104-99. Лилард го предводеше победничкиот тим со 30 поени, а изненадување беше Енес Кантер, кој на 20-те поени додаде и 18 скокови. Вестбрук стигна до својот деветти трипл-дабл во плеј-натпреварите во кариерата (24 поени, 10 скока, 10 асистенции), но и тоа не помогна да се избегне пораз на стартот од оваа плејоф-серија.

Се вчитува...