Милвоки изгоре од „сонцата“, тежок пораз на Дончиќ

Феникс приреди огромно изненадување совладувајќи го најдобриот тим во лигата, Милвоки Бакс, со 114-105. „Сонцата“ важат за еден од најслабите тимови во НБА сезонава, но втор пат успеваат да го земат скалпот на Милвоки, кој останува со најдобар скор и покрај овој пораз (46-18). Адетокумбо оствари дабл-дабл од 21 поен и 13 скокови, своето деби за Милвоки го имаше и ветеранот Гасол, но Феникс во своите редови го имаше расположениот Кели Убре Џуниор, кој го заврши натпреварот со 27 поени и 13 скокови, предводејќи го „сонцата“ до победа.

Лука Дончиќ го претрпе најубедливиот пораз во својата НБА-кариера откако Далас загуби со преубедливи 127-88 на гостувањето во Бруклин. Младиот Словенец реализираше 16 поени и шест скокови, а најефикасен во таборот на Бруклин беше ДеМаре Керол со 22 поени.

Денвер го претрпе и третиот пораз во низа, овојпат на гостувањето во Сан Антонио со минимални 104-103. Кошаркарите на Денвер се вратија од „минус 21“, имаа можност за целосен пресврт, но Јокиќ направи грешка во клучниот напад кога додавањето на српскиот кошаркар беше пресечено, по што Сан Антонио стави печат на победата.

Резултати НБА:

Бруклин – Далас 127-88, Мајами – Атланта 114-113, Сан Антонио – Денвер 104-103, Феникс – Милвоки 114-105, Јута – Њу Орлеанс 112-115, Сакраменто – Њујорк 115-108, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 105-113.

Се вчитува...