Милвоки не дозволи камбек на шампионот

Милвоки го зеде скалпот на шампионот Торонто, совладувајќи ги „рептилите“ со 115-105, како одмазда за поразот во финалето од Источната конференција минатата сезона. Јанис Адетокумбо одигра извонреден натпревар постигнувајќи 36 поени, надополнети со 15 поени и осум асистенции.

Задржувањето на предноста е голем проблем за Милвоки сезонава, откако тимот на бакс прокоцка плус 19 со Бостон и плус 21 против Мајами, губејќи ги двата натпревари. Против Торонто домашниот тим имаше предност од 26 поени, но дозволи актуелниот шампион во неколку ситуации да стигне до само четири поени негатива. На крајот, Милвоки сепак го издржа налетот на гостите и стигна до заслужена победа, воедно нанесувајќи му го на Торонто вториот пораз сезонава.

Најнеизвесно беше во Портланд, каде домаќините загубија од Филаделфија со тројката што со звукот на сирената ја постигна Коркмаз. Филаделфија губеше со 21 поен, но собра сили за голем камбек, а најефикасен во победничкиот тим беше Хорфорд со 25 поени.

Резултати НБА:

Детроит – Бруклин 113-109, Орландо – Денвер 87-91, Мемфис – Феникс 105-114, Милвоки – Торонто 115-105, Вашингтон – Минесота 109-131, Голден Стејт – Шарлот 87-93, Портланд – Филаделфија 128-129, Оклахома Сити – Њу Орлеанс 115-104.

Се вчитува...