Милвоки не дозволува веќе грешки, поведе со 3-1 против Орландо

Милвоки дојде на една победа од пласман во вторто коло од плеј-офот во Источната конференција од НБА лигата откако поведе со 3-1 во серијата од стартната рунда со Орландо по тирумфот од 121-106 во натпреварот број четири.

Со засилен интензитет во завршниот сегмент од средбата (37-25), Милвоки дојде со оваа победа и само на чекор од место во конференциското полуфинале каде би се соочил најверојатно со Бостон кој води со 3-0 во победи во серијата со Филаделфија.

Јанис Антетокумпо кај Милвоки и Никола Вучевич кај Орландо имаа по идентичени 31 поен. Крис Мидлтон со 21 поен беше втор стрелец кај Милвоки, додека кај Орландо, Теренс Рос со 19 поени беше втор на листата стрелци.

Се вчитува...