Милвоки по 18 години во конференциско финале, повреда на Дурант во триумфот на Голден Стејт

Милвоки по 18 години се пласираше во финале на конференцијата од НБА лигата, откако во петтиот меч од полуфиналето славеше против Бостон со 116-91 и со убедливи 4-1 си обезбеди место во финалето на Истокот.

Јанис Адедукомбо го предводеше Милвоки до победата со 20 поени, и по осум асистенции и скока, а Крис Мидлтон дополни со 19 поени. Кајри Ирвинг беше најефикасен кај Селтикс со 15 поени, но со уште една очајна шутерска ноќ со 6 од 21 од игра.

Последен пат Милвоки во финале на конференцијата играше во 2001 година кога загубија со 3-4 во серијата од Филаделфија.

Голден Стејт, пак, поведе со 3-2 во серијата против Хјустон откако славеше на свој терен со 104-99.

На мечот, кој беше со серија пресврти, се повреди и Кевин Дурант но одличен беше Стеф Кари па Голден Стејт успеа да дојде до победата.

Клеј Томпсон кај Вориорс постигна 27 поени, Кари дополни со 25 поени, додека Џејмс Харден кај Хјустон запиша 31 поен.

Се вчитува...