Милвоки подготвува „мега договор“ за Адетокумбо

Генералниот менаџер на Милвоки Бакс, Џон Хорст изјави дека франшизата од Висконзин ќе направи се да го задржи најдобриот кошаркар Јанис Адетокумбо што е можно подолго. Феноменалниот грчки репрезентативец минатата сезона ја доби наградата за најкорисен кошаркар во НБА, а ги предводеше Бакс и до финалето на Источната конференција.

Следното лето неговиот договор истекува, а од Милвоки се подготвени да го задржат давајќи му рекорден договор од 247 милиони долари на пет години.

„Засега не смееме да преговараме со Јанис, но за година дена ќе може да добие максимален договор. Тогаш ќе му го понудиме тоа. Тој го сака Висконзин, и мислам дека ќе остане со нас долго“, изјави Хорст.

 

Се вчитува...