Милвоки предизвика бран: Нема тенис на Синсинати, запира спортот во САД

Милвоки реши да не го одигра натпреварот од првото коло од плеј-оф серијата против Орландо, и со ова играчите и тренерите испратија порака против полициската бруталност откако се случи нов инцидент и полицајци пукаа во невооружениот Џејкоб Блејк во присутво на неговите три деца. НБА реагираше експресно и ги откажа и останатите два меча.

Потоа следуваше лавина реакции, откажани се најмалку два натпревари во МЛБ и пет средби во МЛС лигите. Еден ден нема да има тенис и на Мастерсот во Синсинати. Американската тениска асоцијација заедно со АТП и со ВТА соопшти дека во знак на солидарност во четврток нема да има тенис, а програмата продолжува в петок. Претходно дел од тенисерите и тенисерките ги откажаа мечевите.

 

Се вчитува...