Минаа 12 години, а Матераци и Руи Коста уште уживаат во глетката (ФОТО)

Поминаа цели 12 години од оваа историска фотографија од „Дерби дела Мадонина“, градскиот дуел меѓу Интер и Милан, кога Марко Матераци, тогашниот дефанзивец на Интер, и Мануел Руи Коста заедно уживаа во глетката на фантастичната атмосфера што со факели ја создадоа навивачите на „Сан Сиро“, иако со тоа и го прекинаа натпреварот.

materaci i rui kosta pred 12 godini 2

Интер и Милан се сретнаа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а „росонерите“ беа подобри. Во првиот меч победија со 2-0, а во реваншот Милан исто така имаше водство од 1-0, со голот на Шевченко, но навивачите на Интер со огромен број на факели на теренот го прекинаа мечот. На крајот, Милан со службен резултат од 3-0 го доби мечот и се пласираше во полуфиналето.

Се вчитува...