Минаа 24 часа по несреќата: Охрабрувачки вести за Кузмиќ

Состојбата на Огњен Кузмиќ останува сериозна без оглед на подобрувањата кај српскиот центар по страшната сообраќајна несреќа што се случи вчера наутро на патот Бања Лука – Приједор. Црвена Звезда утрово преку ново соопштение до јавноста информираше за состојбата на центарот кој пред само десетина дена потпиша договор со „црвено-белите“.

„КК Црвена Звезда ја известува јавноста дека здравствената состојба на Огњен Кузмиќ е стабилна, но се уште е и многу сериозна. Тој се наоѓа во шок-соба во Ургентниот Центар во Белград, а по почетните 24 часа, првите знаци се охрабрувачки. Тој денеска повторно беше прегледан од страна на лекарскиот тим, направени му се детални прегледи на главата и на белите дробови, кои покажаа дека по 24 часа нема дополнителни компликации при повредата на главата, а постепено се враќа и функцијата на белите дробови. Свесни за големиот интерес на јавноста и грижата на сите добри луѓе, ние како клуб ќе продолжиме да известуваме за состојбата на нашиот Огњен Кузмиќ по информациите што ќе ги добиваме од Ургентниот Центар. Затоа, уште еднаш ги молиме сите медиуми да ја почитуваат приватноста на семејството Кузмиќ и со оглед на сериозноста на ситуацијата да ја информираат јавноста за неговата состојба исклучиво користејќи ги клупските соопштенија“ – објави Црвена Звезда.

Се вчитува...