Минатогодишните финалисти на мегдан во „Јане Сандански“

Првата лига продолжува денеска со четири натпревари од кои три ќе бидат одиграни во главниот град, а еден во Гостивар со тоа што во натпреварот на колото силите ќе си ги одмерат минатогодишните финалисти МЗТ Скопје и Еуро Никел.

Од 18 часот ни следат три дуели во „Младост“, на „Кале“ и во Кисела Вода во кои Гостивар го пречекува МЗТ Скопје 2, ТФТ го угостува Куманово, додека Академија ФМП – Кожув.

Богатата програма ќе заврши во „Јане Сандански“ во дуел на минатогодишните финалисти, МЗТ Скопје и Еуро Никел. За гостите ова ќе биде прв натпревар во 2022 година, па повратничкото деби во дресот на кавадарчани, Кире Николовски ќе го има токму против својот клуб од детството.

Четрнаесеттото коло ќе биде комплетирано дури во месец март со дуелот помеѓу Феникс 2010 и Пелистер кој беше одложен поради позитивни случаи на Ковид-19, како и средбата помеѓу Ангели и Работнички, чиј термин за одигурање дополнително ќе биде одреден.

Се вчитува...