Минесотa ги растури Лејкерс па го отпушти тренерот

Убедливата победа над Лос Анџелес Лејкерс не му ја спаси позицијата на Тoм Тибодо на клупата на Минесота. Само еден час по успехот против Лејкерс му било соопштено дека веќе нема да ја предводи екипата.

Минесота не е задоволна од неговата работа бидејќи тимот е на биланс послаб од 50 проценти и со последните две победи по ред дојде до 19/21 што не е доволно за позиција која води во плеј-офот.

Екипата привремено ќе ја преземе Рајан Сандерс, а прв фаворит за тренерското место е Фред Хојберг кој во Минесота би дошол исто како Тибодо од Чикаго.

Се вчитува...